3                                                                 Prima MEDICA

                                  Интегриран апликативен софтвер наменет за

                        ординации од приватната здравствена заштита

                                     и специјалистичките ординации  

 

Почитувани корисници,

годината која изминува беше одбележана со голем број измени и новитети во нашите продукти, во значителен дел предизвикани од промените кои ги налагаат ФЗОМ и Мнистерство за здравство (воведување на нови типови на упати, електронски амбулантен дневник, во завршна фаза е и интеграцијата со системот за електронска реализација на превентивните цели без потреба за печатење на хартија), а делумно како подобрувања и нови функционалности кои го олеснуваат Вашето секојдневно користење на софтверот.

Во периодот кој предстои најавени се и други измени и воведувања на нови функционалности во насока на намалување на хартиената евиденција при работењето и електронска размена на податоците помеѓу ординациите и надлежните институции, како и имплементација на нови технологии и воведување на нови функционалности кои се препознаени од наша страна како корисни и продуктивни во секојдневното работење на амбулантите.

Имплементацијата на овие измени и новини и поддршката при нивното користење налагаат ангажман на дополнителни ресурси како во делот на развојот на продуктите така и во делот на поддршка за истите кон крајните корисници.

Заради тоа принудени сме да направиме извесни корекции во цената на услугите, со цел во периодот што предстои да можеме да Ви понудиме квалитетен и иновативен продукт, како и да пружиме квалитетна услуга и поддршка.

Условите и цените за користење на Prima MEDICA за 2016 година се достапни на овој линк.

Се надеваме дека за оваа одлука ќе наидеме на разбирање кај Вас и понатаму ќе останеме доверливи партнери и ќе ја продолжиме плодната соработка и во наредниот период.

Срдечен поздрав,

Prima MEDICA team

porn Porn