3                                                                 Prima MEDICA

                                  Интегриран апликативен софтвер наменет за

                        ординации од приватната здравствена заштита

                                     и специјалистичките ординации  

 

Почитувани,

во склад со нашите цели за испорака на софтверски алатки кои ќе го олеснат функционирањето на Вашите ординации  а со тоа ќе допринесат за поголема ефикасност и повисок квалитет во пружањето на здравствените услуги,  Ви представуваме три нови продукти од фамилијата Prima MEDICA, кои се наменети за специфични целни групи:

  • Prima MEDICA - систематски прегледи е дополнителен пакет на функционалности во софтверското решение, кое може да функционира како интегрален дел од системот а исто така и како засебен софтверски модул.  Наменет е за приватните здравствени установи од медицина на трудот, кои пружаат услуги за систематски прегледи на вработени лица. Овој пакет на функциналности овозможува електронска евиденција на неопходните податоци и генерирање на законски пропишаните формулари на база на евидентираните податоци, со што се постигнува поголема ефикасност при работата, како и намалување на можноста за грешки. Некои од побитните опции кои се достапни со овој пакет се следните:
  • Евидентирање на договори со компании за систематски предмети и печатење на договорите
  • Дефиниција на пакети на услуги за систематски прегледи и цени за пакетите
  • Регистрација на пациенти
  • Креирање и печатење на извештаи (пропишани обрасци) за пациентите и компаниите
  • Опција за користење на предефинирани теркови во извештаите
  • Извештаи за извршени прегледи, договори, финасиски извештаи итн.

     

  • Prima MEDICA LIS - софистицирана надградба за приватните лаборатории, која овозможува поврзување на лабораториски аналајзери со Prima MEDICA и со тоа автоматизација на задавање на анализи за работа на апаратите како и валидација и автоматско преземање на резултатите од извршените анализи во софтверот. Со оваа можност значително се подобрува продуктивноста во лабораториите и се скратува времето за изработка на анализите и изготвување на резултатите за пациентите. Во моментот преку овој пакет можно е да се интегрираат во ЛИС над 100 различни аналајзери ( хематолошки, биохемиски, имунолошки итн), а листата во континуитет се проширува.

     

  • МоЕ-здравје - портал за електронска дистрибуција на лабораториски реултати, кој на лабораториите им овозможува автоматизација на процесот на достава на резултатите по електронски пат како до пациентите, така и до матичните лекари (кои користат Prima MEDICA).  Со оваа платформа се надминува потребата од печатење и препечатување на резултатите за пациентите или нивно праќање по е маил, (како активности кои бараат повеќе време за извршување) што пак директно вилјае врз зголемувањето на ефикасноста и капацитетот на опслужување на лабораториите. Порталот е достапен на следниот линк  http://moezdravje.mk .

За било какви дополнителни информации во врска со новите продукти може да не контактирате по телефон или е-маил.

porn Porn