3                                                                 Prima MEDICA

                                  Интегриран апликативен софтвер наменет за

                        ординации од приватната здравствена заштита

                                     и специјалистичките ординации  

 

Почитувани корисници,

во годините кои изминаа, а особено последната беше одбележана со голем број измени и новитети во нашите продукти, дел предизвикани од промените кои ги налагаат ФЗО и Мнистерство за здравство (целосен редизајн на упатите, целосна измена на начинот на комуникација со Мој Термин), а значаен дел и како подобрувања и нови функционалности кои го олеснуваат Вашето секојдневно користење на софтверот а со тоа и функционирањето на Вашите ординации.

Во периодот кој предстои од страна на регулаторните институции (пред се ФЗО) најавени се значајни измени во начинот на работа и воведувања на нови функционалности во насока на намалување на хартиената евиденција при работењето и електронска размена на податоците помеѓу ординациите и надлежните институции (во најава е целосен електронски рецепт), како и имплментација на нови технологии и воведување на нови функционалности кои се препознаени од наша страна како корисни и продуктивни во секојдневното работење.

Имплементацијата на овие измени и новини и поддршката при нивното користење налагаат ангажман на дополнителни ресурси како во делот на развојот на продуктите така и во делот на поддршка за истите кон крајните корисници.

Заради тоа принудени сме да направиме извесни корекции во цената на услугите, со цел во периодот што предстои да можеме да Ви понудиме квалитетни и стабилни продукти, како и да пружиме квалитетна услуга и поддршка, истовремено водејќи сметка истите да не претставуваат големо финансиско оптеретување за Вас.

Условите и цените за користење на Prima MEDICA за 2020 година се достапни на овој линк.

Се надеваме дека за оваа одлука ќе наидеме на разбирање кај Вас и понатаму ќе останеме доверливи партнери и ќе ја продолжиме плодната соработка и во наредниот период.

Срдечен поздрав,

Prima MEDICA team

porn Porn