3                                                                 Prima MEDICA

                                  Интегриран апликативен софтвер наменет за

                        ординации од приватната здравствена заштита

                                     и специјалистичките ординации  

 

Почитувани корисници,

изминатите две години беа особено тешки за сите, но пред се за здравствените работници. COVID пандемијата која сеуште трае длабоко се одрази во сите сфери на животот и работата и наметна неминовна потреба од адаптација на досега воспоставените процеси и практики на функционирање. 

Сепак и во вакви услови со вонредни напори успеавме да се прилагодиме и да го одржиме нивото на квалитетот на нашите продукти како и поддршката која Ви ја пружаме за нив, а самата криза не примора да развиеме и да Ви понудиме нови функционалности во склоп на продуктите, кои се надеваме дека барем делумно го олеснија Вашето функционирање во услови на глобална пандемија.

Битката и адаптацијата продолжува и во периодот кој предстои и свесни сме дека за тоа ќе бидат потребни воннредни напори од сите нас за да ги надминеме пречките и ограничувањата а притоа да го задржиме (па и подобриме) квалитетот на нашите продукти и услуги преку навремена имплементација на најавените измени од страна на  регулаторните институции (ФЗО и МЗ), развој на нови иновативни функционалности и овозможување дополнителни услуги, за кои пак веруваме дека ќе го олеснат функционирањето на Вашите установи.

Сепак за остварување на горенаведеното потребен е ангажман на дополнителни ресурси како во делот на развојот на продуктите така и во делот на поддршка за истите кон крајните корисници.

Иако минатата година успеавме да ги задржиме постоечките цени и покрај ударот на пандемијата, за жал оваа година принудени сме да направиме извесни корекции во цените на услугите, со цел во периодот што предстои да можеме да го исполниме горенаведеното, при тоа водејќи сметка истите да бидат минимални и да не претставуваат финансиско оптоварување за Вас.

 

Условите и цените за користење на Prima MEDICA за 2022 година се достапни на овој линк.

Се надеваме дека за оваа одлука ќе наидеме на разбирање кај Вас и понатаму ќе останеме доверливи партнери и ќе ја продолжиме плодната соработка и во наредниот период.

Срдечен поздрав,

Prima MEDICA team