|
После инсталацијата на новата корегирана позитивна листа се појави следниов проблем:
После препишување на ампуларна терапија и внесување во Ампуларна терапија во картонот на пациентот се појавува проблем за следниве ампули и тоа:Линкоцин,Кетопрофен,Дексаметазон,Фуросемид.
После кога ќе треба да ги потврдиме дека се аплицирани не ги покашува во тој дел,т.е. не ги препознава како ампули од позитивна листа и не ги покажува.
Како второ ,кога препишуваме упати , во делот до која Здравствена Установа го упатуваме пациентот,се појавуваат ограничен број на здравствени установи,а голем дел од здравствените установи ги нема,па сме принудени потоа да правиме импровизации.
Мислам во овој дел најдобра опција би било да можеме ние самите да ги дополнуваме Здравствените установи во тој список по примерот како го правиме тоа со фирмите во досието на пациентот каде што постои опција сами да го пишеме името на фирмата каде работи осигуреникот
|