Menu Content/Inhalt
Дома arrow Што е ново arrow Latest arrow 22.12.2008 Упатство за добивање на код за активација

Посетители



Држави

93.7%Macedonia Macedonia
2.5%United States United States
1%Bulgaria Bulgaria
0.5%Serbia And Montenegro Serbia And Montenegro
0.4%Japan Japan

Посетители

Денес: 25
Вчера: 44
Оваа недела: 135
Претходна недела: 357
Овој месец: 377
Претходен месец: 2300
Вкупно: 7892


22.12.2008 Упатство за добивање на код за активација PDF Print E-mail

Начин на добивање на код за активација и авторизација

Кодот за авторизација е единствен за секоја ПЗУ  и со него може да се активираат новите верзии само во соодветната ПЗУ.  Доколку се проба да се користи во друга ПЗУ, истиот ќе биде невалиден ...

 

и обидот за активирање на новата верзија ќе биде неуспешен.

НАПОМЕНА! Овој код за активација е различен од кодот за активација кој се користеше при првичната инсталација на програмот. Разликата е во тоа што тој код се користи за да се активира програмот, додека овој код ќе служи за да може да се активираат и користат новите верзии од програмот. Истиот е валиден за 2009 година.

По извршената уплата, во нашиот систем се генерира единстен код за соодветната ПЗУ. Кодот за авторизација може да се достави до ПЗУ на 3 начини:

·         По е-маил, на вашата адреса

·         Телефонски, со претходна ваша идентификација

·         Ковертиран по пошта, заедно со фактурата за Вашата уплата

Со овој код ќе може да се активираат сите нови верзии од софтверот во 2009 година. Покрај тоа,  овој код ќе се користи како идентификатор  при комуникацијата со Кодекс Компјутери, така што при барање поддршка или консултации, неависно дали се по телефон или по е-маил, задолжително ќе мора да го приложите  Вашиот код,  за проверка на Вашиот статус.

НАПОМЕНА! Овој код не се внесува во опцијата за регистрација во програмот Prima MEDICA туку ке се бара при инсталација на новите верзии!

Детално упатство за негово користење ќе има заедно со новата верзија од софтверот!

 

 

Начин на плаќање

При уплата на Лиценца за користење на Prima MEDICA и поддршка за 2009 и уплатата на  средствата се врши  на сметка на Кодекс Компјутери.

Број на сметка:200000028128731

Банка:Стопанска Банка

Цел на Дознака: треба задолжително да се впише даночниот број на ПЗУ и дополнителните податоци – 2009/Б , доколку се плаќа за Basic  поддршка или 2009/П доколку се плаќа за Premium  поддршка.

уплатница-пример за пополнување.JPG

Износот за уплата можете да го утврдите според критериумите во нашиот ценовник, да го искористите нашиот калкулатор за прецизно утврдување на износот или пак да не контактирате за дополнителни детали и прецизно утврдување на истиот за Вашата ПЗУ . 

 

После регистрацијата на уплатата во системот на Кодекс Компјутери, по пошта ќе Ви доставиме фактура,  заради евидентирање во Вашето сметководство.

 
< Prev   Next >
designed by www.madeyourweb.com