| 01.12.2009 Како да се продолжи лиценцата за Prima MEDICA? |
|
|
|
|
Лиценцата за 2009 година важи до 31.12.2009. После истекот на лиценцата, Prima MEDICA продoлжува да функционира целосно со сите модули како и во периодот пред истекот на лиценцата. Единствено ограничување има во модулот за пресметки за капитација. Значи пресметки за капитација ќе може да се прават само до периодот до кога е валидна лиценцата. Во случајов ако не е продолжено времетраењето на лиценцата , последен месец за кој може да генерирате пресметки за капитација е Декември 2009. Сите останати модули функционираат во целост. Може да се евидентираат прегледи, терапии, дијагнози, пресметки, планирање и реализирање на цели.
Лиценците за прoдуктите Prima MEDICA 2010 се со важност од 12 месеци од датумот на уплата на лиценца за користење на продуктот. Една лиценца се однесува на едно правно лице (ПЗУ), за една локација, за еден лекар. За секој нареден лекар има доплата. Да напоменеме дека е битно за колку лекари е платена лиценца. Пример: доколку имате уплатено за лиценца за еден лекар, капитација ќе може да се генерира само за еден лекар кој е назначен активен .
За да се продолжи лиценцата потребно е да добиете нов активациски код. Активацискиот код ќе го добиете откако ќе извршите уплата за бараниот тип на лиценца (основен или целосен пакет). Подетално за типовите на лиценци има на објавениот ценовник ( cenovnik2010 ) . Во зависност од тоа за каков тип на лиценца ќе се одлучите така и ја правите уплатата. На веб страната е ставен калкулатор за помош при пресметка на износ за уплата ( kalkulator ) Откако ќе евидентираме уплатата, веднаш Ви го праќаме активацискиот код заедно со фактурата за направената уплата.
Добиениот актвициски код ќе треба да го внесете во софтверот преку главното мени "Сервис / Регистрација на софтверот". Откако ќе кликнете на копчето РЕГИСТРИРАЈ ќе добите порака за продолжениот датум на важење на лиценцата.
|
| < Prev |
|---|




